Утрово избувнал пожар на брод во сплитскиот залив Балуни, предизвикувајќи брза интервенција на пожарникарските служби и вознемиреност кај жителите во околината.
Според првичните информации, станува збор за брод долг околу десет метри кој во моментот на избувнувањето на пожарот се наоѓал на сув док.
Пожарот најпрво бил забележан од соседите во близина, кои веднаш ги алармирале надлежните служби, по што на местото пристигнале поголем број противпожарни екипи.
Причината за избувнувањето на огнот засега не е позната, а надлежните служби ќе утврдуваат што точно довело до инцидентот.
Хрватските медиуми јавуваат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, огнот бил ставен под контрола навреме, со што било спречено негово ширење и предизвикување поголема материјална штета.
Засега нема информации за повредени лица или дополнителни оштетувања во околината.







