Вишото јавно обвинителство во Врање го испитува случајот што се случил во Бујановац, откако било пријавено дека 12-годишно девојче било избодено по гениталиите со пластична вилушка од страна на нејзина другарка.
Случајот на врсничко насилство во полиција го пријавила мајката на оштетеното девојче од Бујановац.
Поради тоа што се работи за малолетни лица и поради чувствителноста на случајот, од сите надлежни установи и институции велат дека не можат да соопштат повеќе детали, освен дека истрагата е во тек.
Детали за настанот
Според неофицијални информации, девојчињата се враќале од училиште. Кога влегле во еден хаустор (влез на зграда), две години постарото девојче го избодело помладото со вилушка по гениталиите.
Случајот е пријавен и во Центарот за социјална работа во Бујановац, а девојчето е испратено на гинеколошки преглед.







