Инспекциските служби на Општина Ѓорче Петров, во координација со припадници на Полициската станица Ѓорче Петров, спроведуваат засилени контроли на просторот околу локалниот пазар.
За акцијата информираше градоначалникот Александар Стојкоски, кој порача дека целта е да се воспостави ред и да се спречи незаконското користење на јавните површини.
Според него, нема да има толеранција за узурпација на јавниот простор, како и за диви и нелегални препродавачи.
„Јавниот простор е на граѓаните и редот мора да важи за сите“, порача Стојкоски.
Градоначалникот најави дека засилените контроли нема да бидат еднократна акција, туку ќе продолжат и во наредниот период преку координирано постапување на општинските инспекциски служби и полицијата.
„Ѓорче Петров мора да биде уредна, безбедна и организирана општина“, нагласи Стојкоски.









