ПРВ.мк
Македонија

Пукаа од мотоцикл кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец

Пукаа од мотоцикл кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против две лица, Р.К. и И.С., поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело „убиство“, во врска со пукањето во кое животот го загуби 26-годишен скопјанец.

Инцидентот се случил на 6 септември, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, од мотоцикл на кој се превезувале две лица било пукано со огнено оружје кон група луѓе.

Во пукањето бил погоден 26-годишниот А.М. од Скопје. Тој веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, но и покрај укажаната медицинска помош, подоцна починал.

По преземените мерки и активности за расчистување на случајот, Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднело кривична пријава против Р.К. и И.С. до Основното јавно обвинителство Скопје.