Во Полициската канцеларија во Градско во саботата вечерта било пријавено дека од Мал групен дом во Градско се оддалечила 38-годишна штитеничка, информираат од СВР Велес.
Пријавата била поднесена во 19:30 часот, а според информациите на полицијата, станува збор за Ј.Ц., која имала здравствени проблеми.
Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на 38-годишната жена.





