ПРВ.мк
Македонија

Филмски грабеж: Разбојници со калашников фрлаа бодликави жици пред полицијата

Филмски грабеж: Разбојници со калашников фрлаа бодликави жици пред полицијата

Во центарот на Гостивар вечерва се случи вистински филмски грабеж, пред околу еден час, во близина на црквата.

Според информации на Инфомакс, група вооружени лица со автоматско оружје, калашников, ограбиле златара. За да го отежнат пристапот на полицијата и да обезбедат безбедно бегство, разбојниците фрлале бодликави жици на повеќе локации низ центарот на градот.

На местото на настанот веднаш пристигнаа полицајци, а за случајот се преземаат мерки за идентификација и апсење на сторителите.

Грабежот е документиран и со ексклузивно видео кое го следи целиот инцидент.

Escape