ПРВ.мк
Македонија

Подобрена патната инфраструктура во Кавадарци: Заврши санацијата на дупките во Марена и кон Сопот!

Подобрена патната инфраструктура во Кавадарци: Заврши санацијата на дупките во Марена и кон Сопот!

Завршени се активностите за санација и крпење на ударните дупки на повеќе локации во селото Марена, како и на локалниот патен правец кој води до селото Сопот.

Со реализацијата на овие градежни активности значително се подобрува состојбата на коловозите, со што се обезбедуваат значително побезбедни и попрегледни услови за одвивање на сообраќајот за сите жители и учесници во сообраќајот.

Изведувач на градежните работи на терен е компанијата „Инфес Груп“ од Скопје.

Овие активности се дел од програмата за редовно одржување и континуирано подобрување на локалната патната инфраструктура на целата територија на Општина Кавадарци.