ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ПОВТОРНО КАТАСТРОФА ВО НЕПАЛ: Се урна цела планина!

(ВИДЕО) ПОВТОРНО КАТАСТРОФА ВО НЕПАЛ: Се урна цела планина!

Ново големо свлечиште се случило во неделата во провинцијата Мустанг, во северниот дел на Непал, при што огромен дел од планинската падина се урнал директно во реката Кали Гандаки, во близина на селото Лете.

На видеоснимката од настанот се гледа моментот кога земјиштето се одвојува од планината и со себе повлекува дрвја и објекти, кои завршуваат во реката.

Свлечиштето се случува во период кога Непал се соочува со серија одрони и лавини, предизвикани од обилните врнежи кои ги зафатија планинските предели во изминатите денови.

Поројните дождови, кои почнале да паѓаат од минатиот четврток, предизвикале големи поплави и свлечишта во повеќе делови од земјата.

Според официјалните податоци на Националната агенција за управување со катастрофи, во последните непогоди животот го загубиле најмалку 21 лице.

Најновото свлечиште во Мустанг се случува во момент кога земјата сè уште се соочува со последиците од претходната смртоносна поплава, која била предизвикана од топење на глечер.

Во таа катастрофа, според наведените податоци, загинале повеќе од 1.450 луѓе, додека над 6.000 лица се водат како исчезнати.

Спасувачките екипи продолжуваат со интензивни активности во погодените подрачја, вклучително и долж границата со Тибет, во обид да ги пронајдат исчезнатите и да ги извлечат телата на настраданите.

ВИДЕО