ПРВ.мк
Балкан

ВИРУСОТ ЗАПАДЕН НИЛ ПОВТОРНО ВО ФОКУСОТ: 53 потврдени случаи во Србија

ВИРУСОТ ЗАПАДЕН НИЛ ПОВТОРНО ВО ФОКУСОТ: 53 потврдени случаи во Србија

Во Србија, од почетокот на сезоната на пренос на вирусот Западен Нил, потврдени се вкупно 53 случаи на заболување, од кои кај 49 лица е регистрирана невроинвазивна форма на инфекцијата, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Податоците го опфаќаат периодот од 1 јуни до 27 септември 2026 година, а заболени се регистрирани во 11 окрузи низ земјата.

Најмногу случаи има во Белград – 20, додека во Јужнобачкиот округ се евидентирани девет, а во Шумадискиот шест случаи. Меѓу заболените има 32 мажи и 21 жена, со просечна возраст од 65,1 година.

Треската од Западен Нил е сезонско заболување кое се пренесува преку убод од заразен комарец. Како еден од главните преносители се наведува комарецот „Culex pipiens“, а сезоната на пренос вообичаено трае од јуни до ноември.

Од „Батут“ препорачуваат употреба на средства против комарци, носење облека со долги ракави и ногавици, поставување заштитни мрежи на прозорците и вратите и отстранување на застоената вода околу домовите.

Според наведените европски податоци, до 23 септември во 14 европски земји биле идентификувани 175 подрачја погодени од вирусот.