Македонија се најде на врвот на листата на земји според уделот на пушачи кај населението постаро од 15 години.
Според податоците објавени од „World of Statistics“, кои се повикуваат на статистиките на „World Population Review“, во Македонија пушат 39,5 отсто од жителите над 15-годишна возраст.
Со овој процент, Македонија е пред Тимор, каде уделот на пушачи изнесува 38,2 отсто, додека на третото место е Либан со 37,2 отсто.
Висок процент на пушачи има и во земјите од регионот. Во Бугарија и Србија пушат по 35,8 отсто од населението, во Црна Гора 33,6 отсто, а во Хрватска 32 отсто.
Според објавеното рангирање, Индонезија и Турција имаат околу 30 отсто пушачи, а ист процент е наведен и за Франција. Унгарија е со 28 отсто, додека Шпанија е на 18. место со 25 отсто.
Податоците покажуваат дека пушењето останува исклучително распространето во Македонија, која според ова рангирање има највисок удел на пушачи меѓу опфатените земји.







