ПРВ.мк
Македонија

По повод Светскиот ден на срцето: Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи во „Дајмонд Мол“

По повод Светскиот ден на срцето: Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи во „Дајмонд Мол“

Срцето не секогаш дава знак, затоа е од клучно значење да го провериме навреме!

По повод одбележувањето на Светскиот ден на срцето, министерот за здравство, Сашо Клековски, го посети пунктот за бесплатни прегледи организиран од Институтот за јавно здравје во трговскиот центар „Дајмонд Мол“.

За време на настанот, граѓаните имаа можност бесплатно да го измерат својот крвен притисок, нивото на шеќер во крвта, висината и тежината, како и да добијат пресметка за нивниот индекс на телесна маса (BMI) — кој претставува еден од клучните показатели за ризик од појава на кардиоваскуларни заболувања.

„Факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да го контролираат крвниот притисок и шеќерот, а доколку има потреба, да земаат терапија пропишана од доктор. Само на тој начин ќе го заштитиме здравјето“, порача министерот Клековски.

Оваа година, одбележувањето се одвива под слоганот: „Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“, испраќајќи силна порака за важноста на превенцијата и редовните здравствени контроли.