ПРВ.мк
Македонија

Починатите го надминаа бројот на новородените:Негативен природен прираст во второто тримесечје

Починатите го надминаа бројот на новородените:Негативен природен прираст во второто тримесечје

Природниот прираст во земјава и во второто тримесечје од 2025 година останува негативен, изнесувајќи -1.135 лица, што значи дека бројот на починатите е поголем од бројот на родените новороденчиња.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во овој период се родени 3.741 дете, што претставува намалување од 4,2 % во споредба со истиот квартал лани. Истовремено, бројот на починати достигнал 4.876 лица, што е зголемување од 1,2 % во однос на второто тримесечје од 2024 година. Меѓу починатите, 13 се доенчиња.

Во однос на брачните односи, во вториот квартал од 2025 година се склучени 2.792 бракови, што е раст од 8,1 % во однос на истиот период претходната година, додека бројот на разводи бележи мало зголемување од 0,4 %, со вкупно 545 регистрирани случаи.

Овие податоци јасно покажуваат демографски предизвици за земјата, со намалување на наталитетот и зголемување на смртноста, додека брачните односи бележат умерен раст.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape