ПРВ.мк
Свет

Кинезите изградија мост повисок од облаци – начинот на тестирање го остави светот без зборови (ВИДЕО)

Кинезите изградија мост повисок од облаци – начинот на тестирање го остави светот без зборови (ВИДЕО)

Кина уште еднаш ја воодушеви светската јавност со инженерски подвиг – новиот највисок мост во светот, изграден во планинската провинција Гуиџоу, на висина од неверојатни 625 метри.

Оваа грандиозна челична висечка конструкција, долга речиси 3 километри, е тежока колку три Ајфелови кули заедно. Изградбата траеше три и пол години, а целта е подобрување на патните врски во тешко достапните области, олеснување на трговијата и привлекување туристи.

Она што најмногу го фасцинира јавноста е тестирањето на безбедноста – властите поставиле дури 96 камиони на одредени точки на мостот за да го проверат неговиот структурен интегритет. Тестирањето траело пет дена и било дел од последната фаза пред отворањето за сообраќај.

Во подножјето на клисурата, пак, се планира изградба на голем центар за екстремни спортови, што дополнително ќе ја зголеми атрактивноста на регионот.

Гуиџоу одамна е позната по своите инженерски чуда, а речиси половина од највисоките 100 мостови во светот се наоѓаат токму таму. Со овој нов проект, Кина уште еднаш докажа дека нема граници во креирањето на најсмели архитектонски чуда.

ВИДЕО

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape