Руската армија започна масовен напад и за првпат навлезе во индустрискиот регион Дњипропетровск, тврдат украинските сили. Иако Киев уверува дека продорот е запрен, стравот е огромен – бидејќи токму овој регион е клучен за стабилноста на земјата.
Според проектот Ukrainian DeepState, руските единици зазеле две села на самиот влез во регионот, но украинската армија негира загуба на контрола и продолжува со жестока одбрана. Иако Дњипропетровск досега не беше на списокот на официјални барања на Москва, ударите врз градовите и енергетските капацитети во соседната Полтава ја зголемуваат опасноста од проширување на фронтот.
Во Донецк, Русија претходно имаше ограничени успеси, но аналитичарите предупредуваат: Кремљ сега сака да ја освои целата територија источно од Дњепар – со што Украина би била поделена на два дела.
Во меѓувреме, дипломатските напори пропаѓаат. Средбата меѓу Трамп и Путин во Аљаска не донесе резултати, додека Москва останува непопустлива за НАТО и безбедносните гаранции. Зеленски пак, апелира до западните сојузници – поддршката мора да биде посилна од кога било.