Во вистинска драма што синоќа се одвиваше во Тетово, 74-годишен пензионер од селото Мала Речица, С.С., заврши во полициска станица откако предизвика сериозна опасност – палеше оган во непосредна близина на бензинска пумпа.
Настанот се случил околу 20 часот, кога С.С. работел на негова нива и во текот на тие активности, запалил сува трева и отпад – и тоа на три различни места. Локацијата на запалената нива се наоѓала многу блиску до бензинска, што дополнително ја зголемило потенцијалната опасност од голем пожар или експлозија.
Откако некој од граѓаните пријавил во полиција, полициски службеници веднаш излегле на терен, го затекнале осомничениот и го лиштиле од слобода. Истовремено, екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово интервенирала на лице место и успешно го изгаснала огнот, спречувајќи поголема штета.
С.С. моментално се наоѓа во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка. Како што потврди МВР, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност, што е сериозно кривично дело со можни последици и казни.