ПРВ.мк
Македонија

ПЕКОЛЕН ПЕТОК ПРЕД НАС: Цела Македонија во портокалова фаза

ПЕКОЛЕН ПЕТОК ПРЕД НАС: Цела Македонија во портокалова фаза

Цела Македонија утре, петок 21 август, ќе биде во портокалова предупредувачка фаза поради многу високите температури, кои во најтоплите делови од земјата ќе достигнат до 40 степени, најавува метеорологот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината се очекува температурата да се искачи до околу 39 степени, поради што граѓаните се советуваат да бидат особено внимателни во најтоплиот дел од денот.

Времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен и југоисточен правец.

Во попладневните часови, сепак, во планинските предели ќе постојат услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради најавениот топлотен бран, Попоски апелира граѓаните, доколку немаат неопходна потреба, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Се препорачува и внесување повеќе течности, избегнување директна изложеност на сонце и дополнителна претпазливост кај повозрасните лица, децата и другите почувствителни категории.

Македонија, според најавата, ја очекува еден од најжешките денови во овој период, со температури кои локално ќе достигнат 40 степени.