Денес во големата сала на Општина Кавадарци се одржува работна средба со жителите на 11 населени места од општината: Брушани, Раец, Галишта, Бохула, Мрежичко, Куманичево, Шешково, Шивец, Чемерско, Страгово и Конопиште.
На средбата присуствуваат градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанче Рамов, директорите на јавните претпријатија, како и општински советници. Преку непосредна и директна комуникација со жителите, тие ги разгледуваат нивните потреби, предлози и иницијативи за подобрување на локалната инфраструктура и животниот стандард.
Главната цел на овие средби е воспоставување отворен дијалог со граѓаните, детално разгледување на сите актуелни прашања од нивното секојдневие и заедничко изнаоѓање конкретни решенија за подобрување на условите за живот во сите населени места.
Од Општина Кавадарци порачуваат дека продолжуваат со практиката на директна комуникација и блиска соработка со граѓаните, истакнувајќи дека секој предлог и секој глас се од исклучителна важност за понатамошниот развој на општината.



