ПРВ.мк
Македонија

Општина Кавадарци ги поканува граѓаните на ноќно капење на Градскиот базен до 23 часот

Општина Кавадарци ги поканува граѓаните на ноќно капење на Градскиот базен до 23 часот

Летната сезона продолжува со полна динамика, а Градскиот базен во Кавадарци останува омилено место за освежување и рекреација на граѓаните во текот на целиот ден, но и во вечерните часови.

Од Општина Кавадарци потсетуваат дека базенот работи до 23:00 часот, овозможувајќи им на посетителите да уживаат и во ноќното капење, кое е сè попопуларен избор во топлите летни денови.

Покрај дневното освежување, вечерните часови нудат пријатна атмосфера за рекреација, релаксација и дружење, а Градскиот базен продолжува да биде едно од најпосетуваните места во градот за време на летната сезона.

Од општината ги повикуваат сите граѓани да ги искористат летните вечери и да уживаат во содржините што ги нуди Градскиот базен.