Српската пејачка Јелена Карлеуша по враќањето од настап во Црна Гора се појави на белградскиот аеродром, каде зборуваше за големиот успех на своите нови песни, поддршката од публиката и колегите, но и за семејната прослава што ја подготвува за своите ќерки Атина и Ника.
Карлеуша призна дека зад себе има тежок период, но вели дека денес повторно ужива во музиката и чувствува огромна благодарност за реакциите што ги добива.

„Имам чувство дека сонувам кога ја гледам поддршката. Ми доаѓа да заплачам, бидејќи поминав низ тежок период. Благодарна сум на сите што ми дадоа сила повторно да го живеам овој музички сон“, изјави таа.
Пејачката истакна дека новите песни ги надминале нејзините очекувања и дека до последен момент работела на нивните аранжмани и текстови, со желба да понуди што поквалитетен проект.
Посебно внимание привлече и со зборовите за претстојната прослава на полнолетството на ќерката Атина и 17. роденден на Ника. Таа откри дека свеченоста ќе се одржи во хотел и дека подготовките се во тек.

„Ќе биде бајковито. Најубаво е што во целата приказна ќе бидат и мама и тато. Сè оди прекрасно. Душко ќе се погрижи за трошоците, а јас за организацијата. Очекуваме да ни се придружат и многу мои колеги“, рече Карлеуша.
Нејзината изјава повторно ги поттикна шпекулациите дека односите меѓу неа и поранешниот сопруг Душко Тошиќ се значително подобрени, барем кога станува збор за семејството и заедничките моменти со нивните ќерки.









