Полицијата приведе 21-годишен жител на селото Идризово, откако е осомничен дека тешко повредил 15-годишно момче.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено на 1 август околу 12:30 часот, по пријава од таткото на малолетникот. Тој пријавил дека претходната вечер, околу 23:50 часот, неговиот син бил физички нападнат во Идризово, при што се здобил со тешка телесна повреда.
Од МВР информираат дека инцидентот се случил по претходно нарушување на јавниот ред и мир.
По целосното расчистување и документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против осомничениот за кривичното дело „тешка телесна повреда“.









