ПРВ.мк
Македонија

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ ВО УЧИЛИШТЕ: Двајца нападнале ученик, едниот извадил пиштол!

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ ВО УЧИЛИШТЕ: Двајца нападнале ученик, едниот извадил пиштол!

Шеснаесетгодишен ученик од средно училиште во скопската општина Шуто Оризари бил физички нападнат за време на големиот одмор, а еден од напаѓачите извадил пиштол. Според пријавеното, од оружјето не било пукано.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, околу 16:00 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје случајот го пријавил Р.С. (41) од Скопје, татко на нападнатиот ученик.

Според пријавата, инцидентот се случил за време на големиот одмор пред средното училиште во Шуто Оризари, каде што учел неговиот 16-годишен син. Момчето било физички нападнато од две лица, при што едниот од нив извадил пиштол, но не пукал.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.