ПРВ.мк
Црна Хроника

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА: 22-годишна жена пријавила дека непознато лице ја следело, а потоа ја допирало по телото!

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА: 22-годишна жена пријавила дека непознато лице ја следело, а потоа ја допирало по телото!

Дваесет и двегодишна жена пријавила во полиција дека била следена од непознато лице, кое потоа несоодветно ја допирало на подрачјето на скопската општина Карпош.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 19 октомври, во 22:20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Во пријавата жената навела дека инцидентот се случил еден ден претходно, на 18 октомври, околу 00:30 часот. Според нејзиното сведочење, лицето најпрво ја следело, а потоа ја допирало по телото.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.