ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО БОЛНИЦА: Пациент тешко повреден додека чекал лифт, се огласи МВР!

ИНЦИДЕНТ ВО БОЛНИЦА: Пациент тешко повреден додека чекал лифт, се огласи МВР!

Педесет и деветгодишен жител на Гостивар пријавил дека се здобил со тешки телесни повреди во Медицинскиот центар во Гостивар, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера во 18:10 часот во ОВР Гостивар, а инцидентот се случил околу 13:00 часот истиот ден.

Во пријавата се наведува дека мажот чекал лифт во подрумските простории на болницата кога вработен во установата туркал количка со медицинска опрема. И покрај предупредувањата што му биле упатени, вработениот продолжил да се движи, при што со тркалото од количката му ја заглавил ногата и му нанел повреди.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести