Екипите на Ј.П. „Комуналец“ - Кавадарци континуирано работат на подобрување на водоснабдувањето и унапредување на водоводната инфраструктура, како во градското подрачје, така и во околните населени места.
Во рамки на тековните теренски активности, во моментов интензивно се реализираат повеќе значајни зафати на различни локации:
- Улица „22 Декември“: Се врши целосна реконструкција на постојната водоводна линија, со цел значително подобрување на водоснабдувањето и намалување на загубите на вода.
- Село Марена: Се реализира реконструкција на водоводната линија, со што ќе се обезбедат подобри услови и посигурно снабдување со вода за пиење за сите жители.
- Населба Брушани: Во тек е изведба на нови приклучоци на водоводната мрежа, што ќе донесе унапредување на инфраструктурата и поквалитетни услуги за домаќинствата.
Со овие зафати продолжува процесот на системска модернизација на водоводната мрежа во целата општина, со посебен акцент на долгорочни, стабилни и квалитетни решенија за сите граѓани.





