ПРВ.мк
Македонија

На 20 октомври фокус на здравјето на коските: Остеодензитометрија по промотивна цена во „Жан Митрев“

На 20 октомври фокус на здравјето на коските: Остеодензитометрија по промотивна цена во „Жан Митрев“

По повод Светскиот ден на остеопорозата – 20 октомври, вниманието е насочено кон заболување кое често се развива тивко, без забележителни симптоми, сè додека не дојде до скршеница.

Според меѓународните процени, повеќе од 500 милиони луѓе во светот се погодени од остеопороза. Дополнително, секоја трета жена и секој петти маж над 50-годишна возраст се изложени на ризик од остеопоротична скршеница во текот на животот.

Остеопорозата е заболување при кое коските стануваат послаби и поподложни на скршеници. Токму поради тоа што може долго време да се развива без симптоми, навремената процена на коскеното здравје има особено значење.

Остеодензитометријата (DEXA Scan) е безболна метода за мерење на минералната густина на коските и процена на ризикот од остеопороза. Особено се препорачува кај жени по менопауза, мажи над 70 години, лица со семејна историја на остеопороза и лица кои имале скршеница по мала траума.

Во Клиниката Жан Митрев, остеодензитометријата е достапна по промотивна цена од 2.500 денари.

Навремената процена на коскената густина претставува важен чекор кон спречување на скршеници и зачувување на квалитетот на животот.