ПРВ.мк
Црна Хроника

Родители ги оставиле своите деца сами на планина: Две момчиња за малку ќе замрзнеле, спасувачите интервенирале среде ноќ

Родители ги оставиле своите деца сами на планина: Две момчиња за малку ќе замрзнеле, спасувачите интервенирале среде ноќ

Семејно планинарење во Јужен Тирол, Италија, се претворило во вистинска драма откако родители од Германија ги оставиле своите двајца синови, на возраст од 13 и 16 години, сами на планина, на над 2.300 метри надморска височина.

Семејството тргнало на планинарење од местото Тоблах, но по неколку часа родителите одлучиле да се вратат, дозволувајќи им на момчињата сами да продолжат кон планинарскиот дом Бонерхите.

Планот бил браќата да преноќат во домот, но кога пристигнале, ги пречекале заклучени врати.

Објектот бил затворен уште од 11 октомври, а родителите претходно не провериле дали работи.

Момчињата биле со соодветни планинарски обувки, но немале доволно топла облека за ниските температури.

Околу еден часот по полноќ ситуацијата станала критична. На едното момче му се слошило и почнало да повраќа, по што браќата ги контактирале родителите.

Тие веднаш побарале помош од планинските спасувачки служби.

Спасувачите организирале ноќна интервенција и ги пронашле двете момчиња во сериозна состојба.

Според спасувачката служба, двајцата браќа страдале од тешка хипотермија, односно опасно намалување на телесната температура.

По спасувањето биле пренесени во болница, каде што добиле медицинска помош.

За среќа, двете момчиња закрепнале и во меѓувреме биле пуштени од болница.

Случајот потсетува колку е важно пред планинарење да се проверат временските услови, достапноста на планинарските домови и потребната опрема, особено кога станува збор за деца.

Најнови вести