ПРВ.мк
Магазин

Дали познатата убавица се омажи? Едноставен детаљ повторно ги поттикна гласините за голем чекор во нејзината врска

Дали познатата убавица се омажи? Едноставен детаљ повторно ги поттикна гласините за голем чекор во нејзината врска

Познатата манекенка Џиџи Хадид (31) повторно предизвика шпекулации дека тајно се омажила за холивудскиот актер Бредли Купер (51), откако на ревијата на „Викторија Сикрет“ се појави со интересен детал на раката.

За време на подготовките за модниот спектакл во Лос Анџелес, фотографите ја забележале манекенката со едноставен златен прстен на домалиот прст, што веднаш предизвикало нови гласини за можен таен брак.

Џиџи била фотографирана зад сцената додека се шминкала и разговарала со новинарите, облечена во црн топ и фармерки.

Иако станува збор за обичен златен прстен, неговото место на раката го привлече вниманието на обожавателите.

Џиџи и Бредли се во врска од 2023 година, кога првпат биле забележани заедно на вечера во Њујорк.

Познатиот пар настојува приватниот живот да го држи подалеку од јавноста, а во мај 2025 година манекенката првпат објави заедничка фотографија со актерот на Инстаграм.

Интересно е што на истата ревија учествуваше и Ирина Шајк, поранешната партнерка на Бредли Купер, со која актерот има деветгодишна ќерка Леа.

Џиџи, пак, од претходната врска со пејачот Зејн Малик ја има ќерката Каи, родена во 2020 година.

И покрај новите гласини, Џиџи Хадид и Бредли Купер засега немаат јавно потврдено дека стапиле во брак.

Златниот прстен останува само повод за шпекулации, додека о

Најнови вести