ПРВ.мк
Магазин

(ФОТО) Само шест недели по породувањето се врати на пистата: Барбара Палвин повторно во улога на ангел на „Викторија Сикрет“

(ФОТО) Само шест недели по породувањето се врати на пистата: Барбара Палвин повторно во улога на ангел на „Викторија Сикрет“

Познатата унгарска манекенка Барбара Палвин (33) направи впечатливо враќање на модната писта, само шест недели по раѓањето на своето прво дете.

Таа беше една од ѕвездите на годинешната ревија на „Викторија Сикрет“, одржана во Лос Анџелес, каде што повторно се појави со препознатливите ангелски крилја.

Во септември годинава, Барбара и нејзиниот сопруг, американскиот актер Дилан Спроус (34), ја добија ќерката Силви.

Иако од породувањето поминале нешто повеќе од еден месец, манекенката се врати на професионалните обврски и повторно зачекори на една од најпознатите модни писти во светот.

Нејзиното враќање предизвика големо внимание, а особено горд беше нејзиниот сопруг.

„Воодушевен сум од тоа како секојпат успева да се подготви и да го направи сето тоа“, изјави Дилан.

Тој откри дека Барбара не му кажува однапред како ќе изгледа нејзиниот настап, па секоја ревија за него претставува ново изненадување.

Манекенката и претходно отворено зборувала за своите фитнес-навики и подготовките за модните ревии. Сепак, не е познато каква исхрана или тренинг-програма следела по раѓањето на ќерката.

Барбара и Дилан се венчаа во јули 2023 година во Унгарија, по петгодишна врска.

Со раѓањето на малата Силви започна ново поглавје во нивниот живот, а Барбара сега го одбележа и своето враќање во светот на високата мода.

Нејзиното појавување само шест недели по породувањето беше еден од најзабележаните моменти на годинешното шоу на „Викторија Сикрет“.

Најнови вести