Познатата ријалити-ѕвезда и претприемачка Кајли Џенер предизвика огромно внимание на модната ревија на „Викторија Сикрет“ во Лос Анџелес, каде што дебитираше на пистата носејќи градник чија вредност се проценува на неверојатни 50 милиони долари.
4
Станува збор за легендарниот „Фентези бра“ (Fantasy Bra), украсен со скапоцени камења и дијаманти.
Според објавените информации, централниот дел го сочинува жолт дијамант вреден 22 милиони долари, додека градникот дополнително е украсен со 4.410 природни дијаманти.
Кајли го надополни изгледот со проѕирно мини-здолниште, сребрена долна облека, високи потпетици и раскошни бели ангелски крилја.
Од првиот ред ја бодреа нејзиниот партнер, актерот Тимоти Шаламе, и нејзината мајка Крис Џенер.
Сепак, нејзиното појавување предизвика поделени реакции.
Многумина сметаат дека честа да го носи престижниот градник требало да им припадне на професионални манекенки кои со години се дел од брендот.
„Ова е шлаканица за вистинските манекенки кои напорно работеле!“, напиша еден корисник на социјалната мрежа Икс.
Други прашаа зошто градникот не го добиле Барбара Палвин, Адријана Лима или Анок Јаи.
„Никогаш претходно не одела по модна писта, а сега добива Fantasy Bra?“, гласеше уште една критика.
И покрај негативните коментари, Кајли Џенер стана една од најкоментираните личности на годинешната ревија, а нејзиниот настап продолжи да предизвикува реакции на социјалните мрежи.






