Територијалната противпожарна единица Кавадарци денес интервенираше на два одделни пожари на отворен простор, кои претставуваа потенцијална опасност по околината.
Екипите на противпожарната служба биле испратени на терен по пријави за пожар на сува трева во селото Марена, како и пожар во близина на селото Манастирец, кај каналот.
Благодарение на навремената реакција на пожарникарите, двата пожари биле ставени под контрола и во моментов нема опасност од нивно понатамошно ширење.

Од Територијалната противпожарна единица апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни при престој и активности на отворен простор, особено во периоди со високи температури.

Надлежните предупредуваат дека и најмала невнимателност може да предизвика пожар со сериозни последици за природата, животната средина и имотот на граѓаните.











