ПРВ.мк
Македонија

ОГНЕНА СТИХИЈА НИЗ ЗЕМЈАТА! Регистрирани вкупно 31 пожар на отворено - еве кои се најкритични!

ОГНЕНА СТИХИЈА НИЗ ЗЕМЈАТА! Регистрирани вкупно 31 пожар на отворено - еве кои се најкритични!

Заклучно со денеска до 07:30 часот, на територијата на државава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни, пет се под контрола, а 24 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Ѓорче Петров, во селото Грачани, каде што огнената стихија зафати шума и се шири и на територијата на Република Косово, како и во Општина Македонски Брод, во селото Белица, на месноста Кајорец, каде што гори нискостеблеста деградирана и мешана шума.

Под контрола се пожарите во Општина Струга, на потегот Буринец – Локов – Селци, каде што гори нискостеблеста шума, во Општина Сарај, во селото Копаница, каде што е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и во Општина Чучер-Сандево, во селото Брест, на месноста Рамно, каде што гори мешана шума.

Под контрола е и пожарот на депонијата во Кратово, како и пожарот на градската депонија во Делчево.

Во текот на изминатиот период се изгаснати пожари на повеќе локации низ државата. Во Општина Сарај изгаснати се пожарите во селата Копаница и Горна Арнакија, додека во Општина Гази Баба е изгаснат пожарот на улицата „516“ во Стара Комуна, каде што горело ѓубре.

Во Општина Арачиново е изгаснат пожарот во селото Грушино, на депонија, а во Општина Сопиште пожарот во селото Барово, каде што била зафатена мешана шума.

Во Општина Новаци изгаснат е пожарот во селото Тепавци, каде што горела ниска вегетација и нискостеблести растенија, додека во Битола е изгаснат пожарот на улицата „16-та“, каде што горело ѓубре.

Пожари се регистрирани и во Струмица, каде што е изгаснат пожарот на потегот Моноспитово – Бориево, на депонија, како и во Радовиш, во селата Дамјан и Подареш, каде што гореле ниска вегетација и грмушки, односно ниска вегетација.

Во Дојран е изгаснат пожарот во селото Фурка, каде што горела ниска вегетација, додека во Струга е изгаснат пожарот во селото Октиси, каде што биле зафатени стрниште и нискостеблеста шума.

Во Македонски Брод е изгаснат пожарот во селото Преглово, каде што гореле стрниште и нискостеблеста шума.

На територијата на општините Градско и Лозово изгаснати се пожарите во селото Кочилари, Општина Градско, и во селото Бекирлија, Општина Лозово, каде што била зафатена ниска вегетација и борови насади. Во Општина Градско изгаснат е и пожарот во селото Водоврати, каде што горела ниска вегетација.

Во Виница пожарот на влезот во градот е изгаснат, како и пожарот во Кочани, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, каде што горело ѓубре.

Во Куманово е изгаснат пожарот во населбата Карпош, каде што била зафатена ниска вегетација, додека во Липково е изгаснат пожарот во селото Оризаре, каде што горело стрниште.

Изгаснати се и пожарите во Општина Теарце, во селата Глоѓе и Нераште, каде што горела ниска вегетација, како и во Општина Желино, во селото Палатица, каде што биле зафатени ниска вегетација и ѓубре.

Во Општина Гостивар изгаснат е пожарот во селото Чајле, каде што горела ниска вегетација, а во Општина Маврово и Ростуше изгаснат е пожарот на планината Бистра, на месноста Кириловец.

И покрај тоа што најголем дел од регистрираните пожари се веќе ставени под контрола или целосно изгаснати, ЦУК информира дека два пожари и натаму се активни, поради што надлежните служби продолжуваат со следење и интервенции на терен.