Изминатите денови беа обележани со серија инциденти и физички пресметки на повеќе локации во Скопје, најчесто во и околу угостителски објекти, информира полицијата.
На 29 декември, околу 01:00 часот, во локал на подрачјето на Кисела Вода, 35-годишниот Д.К. физички го нападнал 20-годишниот Н.С., двајцата жители на Скопје. По настанот, полициските служби започнале постапка за целосно расчистување на случајот.
Неколку часа подоцна, околу 03:00 часот, во селото Батинци, по претходна вербална расправија, дошло до меѓусебна физичка пресметка меѓу 29-годишен жител на Батинци и 31-годишно лице од Скопје, при што била нарушена јавниот ред и мир. По документирањето на случајот, најавен е соодветен поднесок.
Ден претходно, на 28 декември, околу 01:30 часот, пред угостителски објект во Центар, 46-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од непознато лице. Истата ноќ, околу 02:30 часот, пред локал во Градски парк, 19-годишно лице било нападнато од лице ангажирано како обезбедување.
Дополнително, околу 21:00 часот истата вечер, во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, дошло до физичка пресметка меѓу повеќе лица, со што повторно бил нарушен јавниот ред и мир.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека за сите случаи се преземаат соодветни мерки, а по нивно целосно документирање ќе следуваат и законски поднесоци.
















