ПРВ.мк
Магазин

Одредено местото на вечниот починок на Брижит Бардо

Одредено местото на вечниот починок на Брижит Бардо
Kristal

Легендарната француска актерка Брижит Бардо, која важеше за една од најубавите жени во историјата на филмот, ќе биде погребана во Сен Тропе, на гробишта со поглед кон Средоземното Море. Ова денеска го соопшти градското собрание на Сен Тропе, наведувајќи дека точниот датум на погребот сè уште не е утврден.

Според весникот Le Figaro, Бардо уште одамна ја изразила својата желба да биде погребана во Сен Тропе, местото каде што го поминала најголемиот дел од својот живот и каде што се погребани и нејзините родители. Таа таму го купила својот имот уште кон крајот на 1950-тите години.

Брижит Бардо почина во неделата на 91-годишна возраст, во својата вила „Мадраг“ во Сен Тропе. Веста предизвика силни емоции кај нејзините обожаватели, кои цел ден оставаа цвеќе пред вилата, оддавајќи ѝ почит на филмската икона.

Бардо се повлече од актерската кариера во 1973 година, кога сè уште немаше наполнето 40 години. Зад себе остави богато уметничко наследство – 46 филмови и повеќе од 60 музички песни, со кои засекогаш го обележа францускиот и светскиот филм.

По заминувањето од јавната сцена, таа целосно се посвети на заштитата на животните и хуманитарниот активизам, станувајќи еден од најгласните и најпрепознатливи борци за правата на животните во Европа. Со тоа, Брижит Бардо остави трага не само како актерка, туку и како симбол на ангажираност и лична убеденост.

FixCredit
Escape