ПРВ.мк
Балкан

Историски воен проект на Балканот: Три земји здружени околу производство на оклопни возила

Историски воен проект на Балканот: Три земји здружени околу производство на оклопни возила
Kristal

Балканот би можел да добие прв заеднички воен индустриски проект, откако Косово, Албанија и Хрватска започнаа разговори за заедничко производство на оклопни возила. Во фокусот е албанското оклопно возило „Шота“, кое Косово планира да го произведува локално, во партнерство со двете соседни држави.

Вршителот на должноста министер за одбрана на Косово, Ејуп Маќедончи, потврди дека се во тек интензивни разговори со Албанија за финализирање на билатерален договор. Според него, договорот подоцна би се проширил и со Хрватска, со што би се формирал тристран модел на соработка во одбранбената индустрија.

Планот предвидува заеднички развој и производство, при што секоја држава би имала своја улога. Одделни компоненти од оклопното возило би се произведувале во различни земји, а финалниот производ би бил наменет како за потребите на националните вооружени сили, така и за извоз на странски пазари.

Проектот произлегува од договорот за соработка во областа на одбраната и безбедноста, кој Косово, Албанија и Хрватска го потпишаа во март во Тирана. Документот остава простор и за приклучување на други држави во иднина, што дополнително би ја зајакнало регионалната соработка.

Доколку иницијативата се реализира, тоа ќе биде преседан на Балканот – првпат три држави од регионот заеднички да произведуваат воено оклопно возило, со што би се поставиле темели за нова фаза на индустриска и безбедносна интеграција.

FixCredit
Escape