ПРВ.мк
Балкан

ПИЈАНА ПОЛИЦАЈКА ПРЕДИЗВИКАЛА ХАОС ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ: Со автомобил се забила во ограда – еве што ѝ следи!

ПИЈАНА ПОЛИЦАЈКА ПРЕДИЗВИКАЛА ХАОС ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ: Со автомобил се забила во ограда – еве што ѝ следи!
Kristal

Полициска службеничка од Полициската управа Шибеник-Книн рано наутро во понеделникот предизвикала сообраќајна несреќа во центарот на Шибеник, управувајќи возило под силно дејство на алкохол. Кај неа биле измерени 1,36 промили алкохол во крвта, поради што веднаш била лишена од слобода и задржана во полициски простории до целосно отрезнување.

Несреќата се случила околу 4:30 часот на државниот пат во реонот Њивице, кога полицајката, која во тој момент не била на должност, управувала приватно возило со риечки регистарски таблички. Според официјалното соопштение од полицијата, таа изгубила контрола над возилото, преминала во спротивната коловозна лента и удрила во заштитна метална ограда кај зградата на „Хрватски патишта“.

Во несреќата е причинета материјална штета, но за среќа нема тешко повредени лица. И покрај тоа, случајот предизвика сериозно внимание поради фактот што станува збор за припадничка на полицијата, која треба да биде пример за почитување на законите.

„Службеничката беше приведена во специјални полициски простории сè додека не се отрезни“, информираа од Полициската управа Шибеник.

Против неа е издадена мандатна прекршочна казна во износ од 872,27 евра, како и заштитна мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од два месеци.

Дополнително, согласно Законот за полиција, ќе биде покрената дисциплинска постапка за тешко кршење на службената должност, што може да резултира и со построги внатрешни санкции во рамки на полицијата.

Случајот повторно ја отвори темата за одговорноста на службените лица и потребата од еднаков третман пред законот – без разлика на професијата.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape