ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Донесена пресуда за Фатон Љури кој со мотор го прегази чичко Југо – еве колкава затворска казна доби!

НАЈНОВА ВЕСТ: Донесена пресуда за Фатон Љури кој со мотор го прегази чичко Југо – еве колкава затворска казна доби!
Kristal

Основниот кривичен суд – Скопје денеска изрече пресуда со која Фатон Љури е осуден на 11 години затвор за тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби 68-годишниот Југослав Николовски, познат како чичко Југо.

Според утврдената фактичка состојба, Љури на 1 јули годинава управувал мотоцикл марка „Кавасаки“ по пешачката патека на кејот на реката Вардар во Скопје, каде со голема брзина удрил во Николовски. Ударот бил кобен, а пешакот починал од здобиените тешки повреди.

Судот утврдил дека обвинетиот во моментот на несреќата управувал мотор без возачка дозвола и без заштитна кацига, со што дополнително ги прекршил сообраќајните прописи. По прегазувањето, Љури не застанал да укаже помош, туку го напуштил местото на несреќата и се дал во бегство.

По настанот, осудениот бил недостапен за органите на прогонот цели два дена, по што бил пронајден и приведен. Судот при одмерување на казната ги земал предвид тежината на делото, начинот на извршување, како и фактот дека жртвата била пешак кој се движел по наменета пешачка површина.

Со оваа пресуда, судот испрати јасна порака за строго санкционирање на опасното и несовесно однесување во сообраќајот, особено кога тоа резултира со човечки жртви.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape