Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од страна на ЦИК при Министерството за внатрешни работи е добиено известување дека патничко моторно возило излетало во коритото на реката Треска, во близина на езерото Матка. Во првичната фаза од интервенцијата немало информации за евентуални жртви или повредени лица.
По добиената дојава, преку Секторот за операции и координација, ЦУК веднаш стапил во контакт со одговорно лице од Хидроелектраната „Матка“, со цел привремено намалување на испустот на водата. Оваа мерка била преземена за да се овозможи безбедно постапување и вршење увид на лице место од страна на полициските екипи.
Од Секторот за внатрешни работи при МВР информираат дека возилото во меѓувреме е успешно извлечено од реката и дека е извршен целосен увид на местото на настанот.
Според досегашните официјални информации, во несреќата нема повредени лица. Сите инволвирани се во стабилна здравствена состојба, контактибилни и надвор од животна опасност.
















