ПРВ.мк
Македонија

ТАТКО КАКО ОД ХОРОР-ФИЛМ: Ја тепал сопругата и двете малолетни деца, нападнал и полицаец – ова се првите детали!

ТАТКО КАКО ОД ХОРОР-ФИЛМ: Ја тепал сопругата и двете малолетни деца, нападнал и полицаец – ова се првите детали!
Kristal

СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица од Куманово поради семејно насилство, напад врз полициски службеник и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 26 октомври годинава, кога 26-годишниот Д.С. физички ги нападнал својата сопруга и двете малолетни деца. По пријавата, полициски службеници интервенирале на лице место, при што осомничениот бил приведуван.

За време на приведувањето, Д.С. нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи. Во текот на интервенцијата, уште две лица – 33-годишниот Б.С. и 63-годишниот И.С. – активно го попречувале полицаецот да ја заврши службената постапка.

Против сите три лица е поднесена кривична пријава за кривичните дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство, а истрагата продолжува со цел целосно расветлување на сите околности поврзани со настанот.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape