ПРВ.мк
Свет

Телефонска дипломатија во сенка на дронови помеѓу Трамп и Путин - еве за што станува збор

Телефонска дипломатија во сенка на дронови помеѓу Трамп и Путин - еве за што станува збор
Kristal

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп оствариле телефонски разговор во кој главна тема бил наводниот украински напад со беспилотни летала врз резиденцијата на Путин во Новгородската област. Информацијата ја пренесоа повеќе светски медиуми, повикувајќи се на извори од Кремљ и Белата куќа.

Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Путин лично го информирал Трамп за нападот што, според Москва, се случил во текот на ноќта. Рускиот лидер, наводно, нагласил дека ваквиот развој на настаните може да доведе до промена во ставот на Русија кон мировниот договор за Украина, иако, како што посочил, Москва и понатаму е подготвена да соработува со САД.

Од Белата куќа, портпаролката Каролин Ливит соопшти дека Трамп имал „позитивен телефонски разговор“ со Путин во врска со Украина, без да навлегува во детали. Разговорот се случил во чувствителен момент, бидејќи Трамп паралелно води интензивни контакти и со Володимир Зеленски, со кого се сретнал во Флорида во рамки на разговорите за можен мировен план.

Украинската страна целосно ги отфрли тврдењата за напад. Зеленски изјави дека станува збор за „измислена приказна“, со која Русија, според него, се обидува да ја наруши американско-украинската координација околу прекинот на војната.

Од друга страна, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека украинските сили испратиле 91 дрон кон резиденцијата на Путин и дека сите биле уништени. Тој најави дека Москва нема да остане без одговор и дека ќе ја преиспита својата преговарачка позиција, оценувајќи дека Киев се движи кон политика на „државен тероризам“.

И покрај зголемените тензии, Трамп изјави дека Русија и Украина се „многу блиску до договор“, оставајќи отворено прашањето дали дипломатските напори ќе надвладеат над ескалацијата на теренот.

FixCredit
Escape