ПРВ.мк
Свет

Туск предупредува: Мирот за Украина не е на повидок, единството е клучно

Туск предупредува: Мирот за Украина не е на повидок, единството е клучно
Kristal

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека мировните преговори за ставање крај на војната во Украина сè уште се далеку од финална фаза и упати јасна порака дека Западот мора да остане цврсто обединет заедно со Киев.

Во објава на платформата X, Туск нагласи дека по неодамнешните разговори со европските лидери станало очигледно оти секое разединување меѓу западните земји и Украина би ѝ дало предност на Русија. Според него, Москва би можела да ја искористи таквата ситуација за да наметне сопствени услови за мир.

„Доколку Русија успее да нè подели, Западот и Украина ќе ја загубат оваа конфронтација. Изјавата за можно учество на САД во безбедносните гаранции е позитивен чекор, но преговорите се далеку од завршени“, порача Туск.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида. На средбата биле разгледани можните услови и рамки за постигнување мировен договор меѓу Украина и Русија.

Изјавите на Туск доаѓаат во момент на зголемени дипломатски активности, но и растечка неизвесност околу тоа кога и под кои услови би можел да се постигне траен мир.

FixCredit
Escape