ПРВ.мк
Македонија

Законодавен финиш за 2025: Собранието на последната седница усвои повеќе закони по скратена постапка

Законодавен финиш за 2025: Собранието на последната седница усвои повеќе закони по скратена постапка
Kristal

Собранието на Северна Македонија попладнево ја одржа последната пленарна седница годинава, во рамки на 79. седница, на која беа усвоени повеќе законски решенија по скратена постапка.

Пратениците ги изгласаа измените и дополнувањата на законите за градење, електронски комуникации, вработување и осигурување во случај на невработеност, како и на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Со истата постапка беа донесени и измените на законите за трговија и за инспекциски надзор.

На дневен ред се најдоа и повеќе одлуки поврзани со работењето на јавниот сервис. Усвоена е Одлуката за одобрување на изменетиот финансиски план на Македонска радио телевизија за 2025 година со пренамена на средства, како и Одлуката за одобрување на финансискиот план за 2026 година. Дополнително, пратениците дадоа согласност и за изменување на финансискиот план на МРТ за 2026 година со пренамена на средства, како и за Годишната инвестициска програма на јавниот радиодифузен сервис за истата година.

Со ова, законодавниот дом ја заокружи работата за 2025 година. По завршувањето на седницата, претседателот на Собранието, Африм Гаши, им ги честиташе на граѓаните претстојните новогодишни и божиќни празници, посакувајќи мирна и успешна година што доаѓа.

FixCredit
Escape