ПРВ.мк
Македонија

НЕВРЕМЕ ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА: Силен ветер, пороен дожд и град се очекуваат во овие делови од земјата!

НЕВРЕМЕ ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА: Силен ветер, пороен дожд и град се очекуваат во овие делови од земјата!

Македонија денеска ја очекува претежно сончево и топло време, но според најавите на метеоролозите, мирното време нема долго да се задржи. Уште во попладневните часови се очекува промена на времето, а во одредени делови од земјата можна е појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе има мала до умерена облачност, а ветерот ќе дува од северен правец со слаб до умерен интензитет. Температурите ќе бидат високи за овој период од годината, па минималните ќе се движат од 9 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 24 до 32 степени.

Во главниот град ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност. И во Скопје ќе дува северен ветер, а температурата ќе се искачи до 31 степен.

Сепак, според прогнозите, до крајот на неделата времето постепено ќе станува сè понестабилно. Во претпладневните часови ќе има сончеви периоди, но попладне на повеќе места ќе се создава нестабилна облачност која ќе носи пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено внимание привлекува прогнозата за четврток, кога на повеќе места низ државата се очекува нестабилно време со поинтензивни временски процеси. Метеоролозите предупредуваат дека локално невремето може да биде проследено со обилни врнежи, силни електрични празнења и ветер со брзина над 60 километри на час.

Покрај силниот ветер и дождот, постојат услови и за појава на град во одредени региони, што дополнително ја зголемува можноста за краткотрајни проблеми и нагли промени на времето.