ПРВ.мк
Македонија

Нема крај на летните температури: Македонија ја очекува жежок викенд

Нема крај на летните температури: Македонија ја очекува жежок викенд

Сончево и топло време ќе преовладува во Македонија и во текот на викендот, а според прогнозата на УХМР, во следните денови се очекува и постепено зголемување на максималните температури.

Во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 10 степени во Берово до 19 во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 26 степени во Маврово до 36 во Гевгелија.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 18 степени наутро до максимални 35 степени.

Топлото време ќе продолжи и во недела, кога максималните температури ќе се движат од 27 до 37 степени. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец.

Уште потопло се очекува во понеделник. Утринските температури ќе бидат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 29 до 38 степени.

Според УХМР, стабилното и топло време ќе продолжи и во наредниот период, со постепен пораст на дневните температури.