ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВА ТРАГЕДИЈА: Работници на „Страбаг“ загинаа кај Штип – три можни причини за несреќата

НАЈНОВА ТРАГЕДИЈА: Работници на „Страбаг“ загинаа кај Штип – три можни причини за несреќата

Тешка сообраќајна несреќа утрово ја потресе Македонија. Кај Балталиска река, на патот Штип – Радовиш, комбето кое превезувало работници од компанијата „Страбаг“ излетало од патот и завршило под мостот. Во трагедијата животот го загубија три лица, а едно лице преживеа и е пренесено во клиничката болница во Штип, каде е во контактибилна состојба.

Првичните и неофицијални информации укажуваат на три можни причини за несреќата: неприлагодена брзина, пукање на гума или невнимателност на возачот. Увидните екипи и понатаму се на терен, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот од МВР.

Escape