Под влијание на циклонска активност, во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне, Македонија ја очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.
На одделни места се очекуваат поинтензивни процеси проследени со пороен дожд над 25 литри на метар квадратен и силни удари на ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер кој локално може да надмине брзина од 60 километри на час.
По оваа нестабилност, синоптичарите најавуваат постепено стабилизирање на времето во следните денови.