ПРВ.мк
Спорт

Министерот Борко Ристовски: „Скопје 2025“ ја отвори новата ера на регионална спортска соработка (ВИДЕО)

Министерот Борко Ристовски: „Скопје 2025“ ја отвори новата ера на регионална спортска соработка (ВИДЕО)

Министерот за спорт, Борко Ристовски, изрази голема благодарност до сите учесници на Првиот регионален спортски самит „Скопје 2025“, кој се одржа под покровителство на Министерството за спорт. „Горди сме што ваков настан по прв пат се случува во Македонија токму под покровителство на Министерството за спорт! Покажавме дека имаме капацитет за обединување на регионот и промоција на политики кои можат да направат промени во спортот“, изјави министерот Ристовски.

Самитот, кој се одржа под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, ја истакна Македонија како центар на регионалната соработка во спортот. Првиот панел, насловен „Како спортот ја обликува иднината на Балканот: Преку соработка до успех“, ги обедини министрите за спорт од Србија и Црна Гора, Зоран Гајиќ и Драгослав Шќекиќ, заедно со македонските претставници, со цел да се промовира регионалната соработка и заедничка визија за иднината на спортот на Балканот.

Министерот Ристовски нагласи дека самитот е платформа за размена на искуства, градење нови партнерства и конкретни политики кои ќе ја унапредат спортската сцена во регионот. „Овој самит не е само формален настан, туку платформа за заеднички визии, размена на искуства и градење нови партнерства. Верувам дека преку регионална соработка и поддршка од институциите, спортот ќе биде двигател на здраво, современо и просперитетно општество“, изјави министерот Ристовски.

Самитот „Скопје 2025“ ја отвори новата ера на регионална спортска соработка, која ќе биде водена од принципите на фер-плеј, солидарност и почитување, со цел да се постигнат успешни проекти и конкретни резултати.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape