ПРВ.мк
Свет

ИНРМ алармира: ЕВН мора по автоматизам да коригира паушални сметки – граѓаните трпат неправедни трошоци

ИНРМ алармира: ЕВН мора по автоматизам да коригира паушални сметки – граѓаните трпат неправедни трошоци

Инженерите на Република Македонија (ИНРМ) реагираат дека досегашната пракса на ЕВН Хоум за издавање на паушални фактури, со префрлање на целата разлика во еден месец, е спротивна на Законот за енергетика и предизвикува значително зголемени сметки за домаќинствата.

Според ИНРМ, во јуни и јули многу домаќинства добиле пониски фактури врз основа на проценета потрошувачка, а во август целата разлика била пресметана одеднаш. Ова резултирало со повисоки тарифи и неоправдано големи сметки за граѓаните.

ИНРМ бара доследна примена на член 185 став (2) од Законот за енергетика, според кој снабдувачот е должен по автоматизам да издава коригирани фактури еднаш на три месеци. Во моментов, граѓаните можат да добијат исправка само ако поднесат индивидуален приговор, што ги става во нерамноправна положба и предизвикува финансиска штета.

Додека не се воведе автоматска корекција, ИНРМ советува домаќинствата да поднесат приговор на [email protected] и да побараат коригирана фактура. За полесна контрола на можната штета, може да се користи едноставен калкулатор за проверка на паушалното фактурирање за период од три месеци.

„Законот ги штити правата на потрошувачите, потребна е само неговата доследна примена“, заклучуваат од ИНРМ.

Escape