Орбан ја предизвика Фон дер Лајен: „Фон дер Лајен мора да замине!“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро реагираше на извештајот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оценувајќи го говорот како „виртуозен, про-воен и политички“.
Орбан посочи дека Украина била спомната дури 35 пати и дека Фон дер Лајен им се заканила на сите: оние што нема да се приклучат на бриселското јато ќе изгубат целосен пристап до европските фондови. Како одговор, Унгарија поднесе предлог за недоверба против претседателката на ЕК.
Премиерот предупреди на „тешки политички периоди и крвави дебати“ и нагласи дека иднината на Унгарија зависи од нејзиниот одговор – дали ќе остане конкурентна, независна и безбедна, или ќе прифати политика на високи даноци, миграција и про-воени позиции според предлозите од Брисел.
Оваа порака ја потенцира растечката тензија помеѓу Будимпешта и ЕУ, со јасна поделеност околу иднината на европската политика.