Полска донесе драстична мерка и ја затвори границата со Белорусија, откако Русија и Белорусија започнаа заеднички стратешки вежби „Запад-2025“ со учество на околу 150.000 војници. Маневрите се одржуваат во непосредна близина на полската граница, што предизвика зголемување на готовноста на НАТО и загриженост во регионот.
Полската влада, како одговор на растечката закана и по неодамнешниот упад на руски дронови, ограничува два патни и три железнички премини. Министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски изјави дека границата ќе остане затворена сè додека не се обезбедат гаранции за избегнување на провокации.
Истовремено, десет земји членки на НАТО започнаа свои вежби, додека Полска ја спроведува операцијата „Iron Defender-25“ со 30.000 војници, а Литванија „Thunder Strike“ со фокус на кризни сценарија. Мерките се дел од подготовките на сојузниците за можно продолжување на маневрите на Русија по предвидениот рок на „Запад-2025“ до 16 септември.