Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска (12.09.2025) по судска наредба се извршени претреси во домовите на две лица од Куманово – Д.Х. (47) и Д.Г. (51), како и во деловен објект сопственост на едниот од нив.
Претресите следуваат поради сомнеж за неовластено снимање на зградата на СВР Куманово со дронови за време на прославата на 2 Август.
При контролата кај Д.Х. бил пронајден дрон, шест куршуми и документација која ќе биде дополнително анализирана, а кај Д.Г. полицијата запленила дури 14 дронови.
Со двајцата осомничени се извршени службени разговори, а по целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
👉 МВР потенцира дека ваквите активности се дел од континуирани мерки за зголемена безбедност и спречување на незаконски дејствија.